Без победник со идентичен резултат (1-1) завршија дерби пресмеките меѓу Вардар – Пелистер и Шкендија – Ренова во осмата рунда од Првата македонска фудбалска лига.


Скопските и тетовските „црвено црни“ имаа водство во дерби пресметките, но на крајот мораа да се задоволат со бод пред своите гледачи на домашен терен.

Вардар во Маџари поведе во 49-та минута со евроголот на Којашевиќ од слободен удар, а егал на мечот и бод за Пелистер донесе Бразилецот, Лукас во 75-та минута од натпреварот.

Резултати: Вардар – Пелистер 1-1, Шкендија – Ренова 1-1, Победа – Работнички 2-1, Шкупи – Силекс 1-1, Брегалница – Македонија ЃП 1-2

Табела: Вардар 18, Шкендија 14 (-1), Пелистер 12, Работнички 12, Ренова 11, Силекс 10, Победа 8, Шкупи 6, Брегалница 6, Македонија ЃП 6.

Фото: Екипа.мк
OhridNews