Екипата на Работнички ја продлабочи резултатската криза на Вардар, откако „романтичарите“ со минимални 1-0 славеа во градското дерби во рамките од 15-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Потегот кој го одлучи градското дерби кое се одигра во Маџари го направи Оливер Пеев. Искусниот фудбалер во 56-та минута погоди за водство 1-0, кое на крајот се покажа сосема доволно за победа и три бодови.
Скопските „црвено црни“ три натпревари во серија немаат победа во елитното друштво, додека „романтичарите“ со триумфот во дербито ставија точка на низата од два порази.
Од поразот на Вардар, многу профитираше и тетовска Шкендија. Избраниците на Ќатип Османи со 5-0 го совладаа Силекс на домашен терен и ја зголемија на шест поени бодовната предност на табелата.
Резултати: Академија Пандев – Победа 2-1, Беласица – Ренова 3-1, Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 2-2, Шкендија – Силекс 5-0, Вардар – Работнички 0-1.
Табела: Шкендија 34, Вардар 28, Академија Пандев 25, Работнички 20, Ренова 19, Македонија ЃП 19, Победа 17, Беласица 17, Шкупи 16, Силекс 14.
OhridNews
Фото: Гол.мк