Охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе ја дели правдата на градското дерби во Скопје помеѓу Работнички – Вардар во 33-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Бодовите од дербито се од значење за Работнички кој брка пласман на третата позиција која води во Европа, додека „црвено црните“ коло претходно ја осигураа титулата во елитата.

Четврти судија на дербито на „Филип Втори“ арената ќе биде Марјан Маркоски, а помошници ќе му бидат стружани.

Двојки: Пелистер – Шкупи, Работнички – Вардар, Македонија ЃП – Шкендија, Ренова – Силекс, Брегалница – Победа.

Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.

OhridNews