Охридските арбитри Марјан Ецкоски и Марјан Маркоски ќе имаат работен викенд во Првата македонска фудбалска лига, откако добија задача да ги судат мечевите помеѓу Академија Пандев – Вардар односно Силекс – Вардар.
Дуелот Академија Пандев и Вардар кој ќе се одигра во Струмица има пред знак, а интересен меч се очекува во Кратово, каде силите ќе ги одмерат поранешните шампион на Македонија.
Асистенти на Ецкоски ќе му бидат стружаните Симон Грданоски и Лазе Чакарески, додека на Маркоски ќе му помогаат Слаѓан Маркоски и Ербар Таравари.
Покрај овие два натпревари во Првата лига ќе се одиграат уште Пелистер – Шкупи, Ренова – Шкендија и Скопје – Победа.
OhridNews