Охриѓанецот Ристе Маркоски со ефектен гол на стартот од мечот ја најави победата на Пелистер против Македонија Ѓорче Петров (3-1) во 30-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


Маркоски во 4-та минута од 20-тина метри биеше прецизно во десниот горен агол не оставајќи му ниту мала шанса на гостинскиот голман за интервенција.


„Зелено белите“ во првиот дел со голот на дефанзивецот Ковачев го дуплираа водството. Во второ полувреме „лавовите“ ја намалија предноста, а печат на победата стави Баже Илијоски.

Резултати: Пелистер – Македонија ЃП 3-1, Ренова – Работнички 1-1, Шкупи – Шкендија 1-1, Силекс – Брегалница 3-2, Вардар – Победа 4-0.

Табела: Вардар 71, Шкендија 59, Работнички 48, Пелистер 44, Ренова 42, Силекс 39, Шкупи 33, Победа 26, Брегалница 20, Македонија ЃП 19.

OhridNews