Битолски Пелистер в недела со почеток во 14 часот на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“ ќе го пречека тимот на Работнички во дербито од 22-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Влогот во дербито е третата позиција на табелата во елитата која води во квалификациите за Лигата на Европа. Во пресрет на мечот во Охрид фудбалерите на Пелистер се наоѓаат на третата позиција со три бодови предност од Работнички.
„Зелено белите“ поради реновирањето на стадионот под Тумбе кафе одиграа веќе еден натпревар во Охрид и успеаја да ја совлада Брегалница 2-1.
Минатото коло теренот во Охрид се покажа среќен за Победа која со пресврт го совлада лидерот на табелата Вардар 2-1 и освои значајни бодови во борбата за опстанок.
OhridNews