Со голот на бразилскиот интернационалец Фернандо Силва во првата минута од судиското продолжение Пелистер ја совлада Брегалница (2-1) во првиот меч од 20-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Битолските „зелено белите“ самите се виновни за ситуацијата во која се најдоа, односно со гол во финишот да ги обезбедат трите бодови.
Пелистер на дуелот со Брегалница од 3-та минута имаше играч повеќе, откако надвор од својот простор со рака играше гостинскиот голман Кобетиќ.
Да бидат проблемите поголеми за „сините“ се погрижи Баже Илијоски кој го отвори резултатот од слободниот удар.
Тој исход беше до 58-та минута од вториот дел кога Александар Далчески прецизно биеше од шеснаесеттикот во мрежата на домашниот голман Пашоски.
Пелистер комплетно ја презеде иницијативата и го потисна противникот во шеснаесетте метри. Од многуте акции за издвојување беше ударот на Бујчески кој бравурозно го одбрани Апостолоски.
Во првата минута од судиското продолжение, Фернандо Силва побегна на десна страна и со силен го погоди поблискиот агол, Апостолоски интервенираше, но неможеше да спречи радост на „зелено белите“ во Охрид.
Со овој триумф Пелистер се врати на победите, откако во првата рунда од пролетната полусезона ремизираше со Победа во Струмица 2-2.
OhridNews