Некогаш фудбалските гиганти Вардар и Пелистер а сега последнопласирани и со една односно двете нозе во Втората лига, ја подржуваат идејата на членот на опозицијата на ФФМ Масер Омерагиќ за проширување на првата лига.


Предлогот на Омерагиќ за проширување на лигата, Вардар и Пелистер го подржуваат, а тоа го потврдија со со официјални соопштенија објавени во дневниот спортски весник “Македонски Спорт“, во кои стои дека во целост се согласуваат со предлогот на Омерагиќ.


Барањето за проширувањето на Омераѓиќ е во тоа што Вардар и Пелистер би добиле шанса преку баражот да го изборат опстанокот, а би играле со трето и четвртопласираните од Втората лига.

Ohridnews