Струмичанецот Марјан Гоцевски ќе биде главен арбитар на неделниот натпревар меѓу Победа и Вардар кој ќе се одигра во Охрид во рамките од 21-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.


Вака одлучи ждрепката која по ново одредува кои судии каде ќе судат на натпреварите во елитата. Асистенти на Гоцевски на „Атина Бојаџи“ ќе му бидат Горан Манасиев и Петар Новачев.

Димитар Мечкароски ќе биде задолжен за правдата на дуелот меѓу Шкендија – Шкупи, Ставрев за мечот меѓу Работнички и Ренова, Дејан Јакимоски за источно дерби Брегалница – Силекс, а Стојанче Стојанов за натпреварот Македонија Ѓорче Петров – Пелистер.

Двојки: Работнички – Ренова (сабота 14 часот), Шкендија – Шкупи, Брегалница – Силекс, Победа – Вардар, Македонија ЃП – Пелистер.

Табела: Вардар 47, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 32, Ренова 27, Силекс 27, Шкупи 17, Победа 16, Македонија ЃП 16, Брегалница 11.

OhridNews