Дерби мечот од втората рунда во Првата македонска фудбалска лига , Вардар – Работнички кој требаше да се игра в сабота е презакажан за вторник од 20 часот.


Презакажувањето доаѓа на барање на Ф.К.”Работнички” кој вечерва во квалификациите од Лига Европа игра против екипата на Анортозис.

Покрај овај меч и оној на Тетекс и Охрид, поместен е мечот Шкендија – 11 Октомври кој место в сабота ќе се игра во недела од 17 часот.

Ohridnews