Фудбалерите на Шкупи пред своите гледачи на терен кој беше далеку од подготвен за игра го совлада Вардар со 2-0 во еден од поинтересните мечеви во Првата лига.
Домаќините со два евро-голови во второто полувреме му пресудија на шампионот кој е бледа слика од минатата сезона кога без премногу неизвесност стигна до титулата.
Поразот на Вардар за зголемување на бодовната предност го искористи тимот на Шкендија кој пред своите гледачи славеше со 3-0 над Пелистер. Тетовските „црвено црни“ имаа 14 бодови позитива пред Вардар кој има два натпревари помалку.
Резултати: Академија Пандев – Силекс 0-1, Победа – Ренова 1-1, Работнички – Скопје 2-0, Шкендија – Пелистер 3-0, Шкупи – Вардар 2-0.
Табела: Шкендија 46, Вардар 32 (-2), Силекс 31, Академија Пандев 25 (-1), Работнички 23 (-1), Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.
Фото: Гол.мк
OhridNews