Пет црвени картони од кои три на еден натпревар, дванаесет погодоци тоа све што ни понудија актерите во 14-то коло од првата македонска фудбалска лига.

Напредок со 2-1 го совлада аспирантот за највисок пласман Металург. Натпреварот на “Железара“ имаше многу чуден тек, по само пет минути од натпреварот главниот арбитар Александар Ставрев го испрати Музафер Ејупи во соблекувалните, во 26-та минута екипата на Металург остана со девет фудбалери во поле откако исклучен е Ертан Демири. Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески максимално ја искористија бројчаната предност на теренот отварајќи го резултатот преку Михајловски во 33-та минута.

Натпреварот во 36-та минута беше доведен на работ на прекин откако Богдановиќ заработи црвен картон трет во екипата на Металург. Насмевките на лицата на домаќините ги врати повремениот репрезентативец Кралевски, кој во 39-та минута беше прецизен од белата точка. По еден час игра Напредок повторно дојде во предност преку Најдовски која до крајот “железарците“ не успеаа да ја анулираат.

Резултати: Металург – Напредок 1-2, Брегалница – Тетекс 1-0, Работнички – Шкендија 1-1, Ренова – Вардар 4-0, Силекс – Скопје 0-0, Пелистер – Турново 2-0.

Табела:

1 (1) ШКЕ Шкeндијa 14  22:8  25 
2 (5) РЕН Ренова 14  16:8  25 
3 (2) МЕТ Металург 14  16:9  23 
4 (3) ТЕТ Тетекс 14  15:9  23 
5 (4) ХОР Хоризонт Турново 14  16:14  22 
6 (7) НАП Нaпредок 14  16:14  21 
7 (6) РАБ Рaботнички 14  16:14  20 
8 (8) СКО Скoпje 14  11:10  19 
9 (9) СИЛ Силекс 14  15:18  19 
10 (10) БРЕ Брегалница 2008 14  13:18  19 
11 (12) ПЕЛ Пелистер 14  10  8:26 
12 (11) ВАР Вардар 14  11  9:25 
Мх.П.