Охриѓанецот Кире Маркоски беше еден од најзаслужните за првата победа на Работнички во новата сезона, откако два пати прецизно стрелаше во триумфот над Победа 4-2 во шестата рунда од Првата македонска фудбалска лига.
„Романтичарите“ беа на работ на нов пораз после негативата (2-0) по првите 45 минути. Но, скопјани предовдени од Маркоски и Сахити прво ја анулираа предноста на домаќините. Потоа, Маркоски со вториот гол донесе водство 3-2, а конечните ги постави Чарлс Џофри во судиското продолжение.
Лидерот на табелата во Првата лига, Шкендија без поголеми проблеми славеше против Силекс 4-0, додека Вардар потешко од очекувањата ја совлада Ренова со 2-1. „Пандевци“ со 2-0 славеа на домашен терен против Пелистер, додека на Шкупи му беше доволен еден погодок да победи во дуелот со Скопје.
Резултати: Академија Пандев – Пелистер 2-0, Шкендија – Силекс 5-0, Победа – Работнички 2-4, Шкупи – Скопје 1-0, Вардар – Ренова 2-1.
Табела: Шкендија 16, Академија Пандев 11, Вардар 10 (-1), Шкупи 10, Пелистер 8, Силекс 6, Работнички 5 (-1), Ренова 5, Победа 5, Скопје 3.
OhridNews