Фудбалерите на Работнички во целост ја оправдаа фаворитската улога против Победа на домашен терен, откако забележаа убедлива победа 4-0.
Новиот триумф на „романтичарите“ го најави охриѓанецот Кире Маркоски кој резултатот во Скопје го отвори после четири минути игра. Во 30-та минута Чинеду Чарлс ја дуплираше предноста, а истиот фудбалер во второто полувевреме погоди и за 3-0. Конечните 4-0 ги постави Серџо Жуниор во 74-та минута од мечот.
Лидерот на табелата, Шкендија во Кратово го освои целиот плен победувајќи го Силекс со 2-0, а Вардар со полна капа замина од Тетово совладувајќи ја Ренова 5-2. Тимот на Академија Пандев освои значајни бодови во трката за местата кои водат во Европа против Пелистер кој го победи со 4-3.
Резултати: Работнички – Побед 4-0, Пелистер – Академија Пандев 3-4, Ренова – Вардар 2-5, Силекс – Шкендија 0-2, Скопје – Шкупи одложена.
Табела: Шкендија 37, Вардар 26 (-2), Академија Пандев 24 (-1), Силекс 22, Работнички 19 (-1), Ренова 17, Пелистер 15, Шкупи 15 (-1), Победа 15, Скопје 9 (-1).
Фото: Екипа.мк
OhridNews