Напредок само неколку минути го делаа од реми на гостувањето кај новајлијата Скопје. Кристијан Кировски со погодокот во 90-та минута обезбеди три бода за “пиратите“ кои од 60-та минута играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Јашароски.

Силекс и Ренова со идентични 2-0 ги “преслушаа“ Работнички односно Брегалница. Шкендија ја одбрани честа на гостите триумфирајќи на гостувањето кај Вардар. Пелистер и Металург ги поделија бодовите под Тумбе Кафе играјќи 0-0.  Натпреварот помина во знак на навивачка група “Чкембари“ кои го прославија 25-от роденден.

8-то коло ќе го комплетира натпреварот помеѓу Хоризонт Турново – Тетекс.