Охридските судии ќе имаат полни раце работа на прволигашките натпревари кои ќе се одиграат во сабота во место во недела поради големиот христијански празник Велигден.
Дербито на колото во Првата лига, Пелистер – Шкендија ќе го суди Марјан Маркоски, додека Марјан Ецкоски ќе биде главен во Скопје на мечот меѓу Работнички – Брегалница.
Помошници на Маркоски на дуелот меѓу Пелистер и Шкендија ќе бидат охриѓанецот Жарко Тодоровски и стружанецот Лазе Чакарески.
Натпреварите од Првата лига се играат в сабота во 16 часот.
Двојки: Силекс – Вардар, Ренова – Победа, Пелистер – Шкендија, Работнички – Брегалница, Македонија ЃП – Шкупи.
Табела: Вардар 59, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија ЃП 17, Брегалница 16.
OhridNews