Охриѓанецот во таборот на Напредок, Ристе Маркоски со погодок во финишот на натпреварот обезбеди голем  триумф над Тетекс. Со победата над “штофарите“, кичевчани скокнаа на солидната шеста позиција на табелата.



Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига Шкендија потешко од очекувањата обезбеди победа на гостувањето кај Пелистер. Реџепи во средината на вториот дел беше прецизен за “црвено-црните“.


Дербито за Скопје, му припадна на Вардар откако со минимални 1-0 го совлада Работнички. Стрелец за Вардар беше Настевски. Металург продолжи со одличните игри во втората полусезона,  на списокот на “железарците“ се најде Турново кое беше совладано со 3-1. Ејупи, Тенекеџиев и Начевски беа прецизни за “зелените“ додека почесниот погодок за Турново го постигна Чурлинов.


Брегалница со убедливата победа од 3-0 го “здрви“ Скопје. Во листата на стрелци за Брегалница се запишаа Цветаноски, Велковски и ветеранот Трајчов. Актуелниот првак Ренова направи “сефте“ откако со 3-1 беше подобар од Силекс. Јанчевски на два пати и еднаш Усеини додека за кратовци стрелаше Темелков.

Резултати: Пелистер – Шкендија 0-1, Напредок – Тетекс 1-0, Вардар – Работнички 1-0, Скопје – Брегалница 0-3, Ренова – Силекс 3-1, Турново – Металург 1-3

Табела:

1 (1) ШКЕ Шкeндијa

22  13  41:14  45 
2 (2) МЕТ Металург

22  12  29:15  41 
3 (4) РЕН Ренова

22  11  30:20  38 
4 (3) РАБ Рaботнички

22  10  27:18  37 
5 (5) ХОР Хоризонт Турново

22  10  10  23:22  32 
6 (8) НАП Нaпредок

22  22:26  31 
7 (6) ТЕТ Тетекс

22  20:18  30 
8 (9) БРЕ Брегалница 2008

22  11  24:29  29 
9 (7) СИЛ Силекс

22  23:27  28 
10 (10) СКО Скoпje

22  11  20:27  23 
11 (11) ВАР Вардар

22  13  18:32  20 
12 (12) ПЕЛ Пелистер

22  16  16:45  12 

Мх.П.