По поразот 2-0 во 1/2 финалето од Купот на Македонија, Брегалница одново незнаеше како со Работнички на „Филип Втори“ и претрпе пораз 4-0, но овој пат во Првата лига.

Охриѓанецот во редовите на Брегалница, Ристе Маркоски ги одигра сите 90-ет минути додека Кире Маркоски во тимот на Работнички 15-ет минути. За мечот на „Филип Втори“ воопшто во комбинација не беше Сашо Ѓорески екс капитенот на „рибарите“.
Мх.П.










