– Нема да одиме во Тетово со бело знаме, одиме да играме фудбал, па подобриот нека победи – вели Ристе Маркоски во пресрет на мечот од 11. рунда помеѓу неговиот Напредок и Тетекс во Тетово.

Напредок на четирите гостувања досега нема забележано победа, два пати ремизираше Работнички (0-0), и Силекс (1-1),а претрпе два идентични порази од Турново и Скопје со 1-0.

 – Билансот на гостувањата не е поволен, но очекувам истиот да се промени – вели Маркоски, кој очекува да се најде меѓу стартните 11 – на во тимот на Бочески.

Домашниот Тетекс ја нема почуствувано горчината на поразот на стадионот под “Бал тепе“. Во четирите одиграни меча има две победи Вардар (3-2), и Брегалница (2-0), и две ремија Металург (0-0),и Ренова (1-1).

Покрај овај денес се играат уште мечевите : Брегалница – Скопје, Металруг – Турново, и Силекс – Ренова. В недела ќе се сретнат Шкендија – Пелистер, односно Работнички – Вардар.

Табела :

Место Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 Ренова

10 5 4 1 11:4 19
2 Шкендија 79

10 5 3 2 15:5 18
3 Металург

10 4 4 2 11:7 16
4 Хоризонт-Турново

10 5 1 4 12:9 16
5 Скопје

10 5 1 4 10:8 16
6 Работнички

10 4 3 3 12:10 15
7 Напредок

10 4 3 3 9:7 15
8 Силекс

10 4 3 3 12:14 15
9 Тетекс

10 3 5 2 9:7 14
10 Брегалница 2008

10 3 1 6 7:14 10
11 Вардар

10 2 0 8 7:17 6
12 Пелистер

10 1 2 7 5:18 5