Охриѓанецот Ристе Маркоски беше во центарот на вниманието на мечот во Штип меѓу Брегалница и Хоризонт Турново, кој заврши без победник 1-1.


Фудбалерот за врска во 52-та минута го анулираше водството на гостите, но во 75-та минута не успеа да погоди од белата точка за комплетен пресвр.

Гостите од Турново целото второ полувреме го одиграа со девет фудбалери. Пред финишот на првиот дел исклучени беа Сашко Пандев и Митко Мавров.

Резултати : Брегалница – Х. Турново 1-1, Вардар – Тетекс 5-0, Пелистер – Ренова 0-1, Шкендија – Металург 2-1, Силекс – Работнички 0-2.

Табела : Вардар 33, Работнички 25, Шкендија 24, Металург 18, Силекс 18, Пелистер 17, Ренова 16, Турново 16, Брегалница 9, Тетекс 2.

Мх.П.