Во вториот натпревар за Брегалница фудбалерот за врска Ристе Маркоски го постигна вториот погодок овој пат во ремито 1-1 со Работнички пред своите гледачи.

Со погодокот во 49-та минута Дејан Лескаровски го отвори патот за триумф на „млекарите“ против тетовска Шкендија 2-1. Водството за Еуромилк го зголеми Пандовски, а Куртиши само го ублажи поразот.
Мх.П.










