Две победи на гостите, една на домаќините на стартот на продолжението на пролетниот дел од Првата МФЛ. Металруг минимално со 1-0 на “Гоце Делчев“ ја совлада Победа благодарение на голот на Илиевски во првиот дел.


Битолски Пелистер до трите бода во натпреварот против Тетекс стигна со пресврт од 2-1. Јованоски ги доведе домашните во предност, а Илиев и Петковски стрелаа прецизно во “зелената“ победа во Тетово.

Силекс ја одбрани честа на домаќините победувајќи го Турново со чисти 3-0. Трајчев еднаш и новото засилување Дуриќ на двапати погодија за избраниците на Андовски.


екипа одиграни П Н И голови бодови
(1) Ренова

17  13  39:13  42 
(2) Работнички

18  11  34:15  37 
(3) Металург

18  26:14  31 
(6) Силекс

18  25:23  26 
(5) Пелистер

18  21:20  26 
(4) Хоризонт Т.

18  25:26  24 
(7) Победа

17  20:25  19 
(8) Тетекс

17  10  22:25  17 
(9) Вардар

17  19:25  16 
(10) Милано

18  17  9:65 

Наредно 20 коло 07.03.2010 во 14 (недела)       
Ренова    –    Силекс
Хоризонт Турново    –    Тетекс
Работнички    –    Вардар
Милано    –    Победа
Пелистер , Металург слободни

М.П