Низ терените на Македонија се одигра 23-то коло од првата македонска фудбалска лига. Металург со триумфот над Брегалница на “Железара“ ја продолжи победничката низа во пролетниот дел од првенството. Цветаноски по само седум минути игра го отвори резултатот откако си ја затресе својата мрежа. “Убиствениот“ тандем на “зелените“ Илијоски и Начески беа прецизни за потврдување на победа во 65-та односно 90-та минута.


Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески прокнижија нови три бода совладувајќи го  фенерџијата Пелистер. На кичевчани му беа доволни само пет минути да го решат победникот преку погодоците на Левков во 33-та и 38-та минута.

Работнички повторно ги разочара своите навивачи на “Филип Втори“ ремизирајќи со Скопје 1-1. Петковски во 71-та минута ги донесе “романтичарите“ во водство, радоста на домаќинот траеше само шест минути, во 77-та минута најдобриот стрелец во лигата Кировски беше прецизен од белата точка. Работнички не ја искористи бројчната предност во последните десет минути од натпреварот кога главниот арбитар Ставрев го исклучи Попоски.


Ренова втор пат во серија е подобар тим од Силекс, а овој пат со 2-1. Насевски стрелаше за предност на кратовчани. “Гипсарите“ со головите на Бајрами и Стеапоноски го свртеа резултатот во своја полза.

Најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар непоразен се враќа од гостувањето кај Турново играјќи 1-1. Милушев погоди за Турново, а Никанчевски за Вардар.

Резултати : Работнички – Скопје 1-1, Х. Турново – Вардар 1-1, Напредок – Пелистер 2-0, Ренова – Силекс 2-1, Металург – Брегалница 3-0.

Колото ќе биде заокруежено утре со дербито на Тетово, Шкендија  – Тетекс.

Табела :

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 ШКЕ Шкeндијa

22  13  41:14  45 
2 МЕТ Металург

23  13  32:15  44 
3 РЕН Ренова

23  12  32:21  41 
4 РАБ Рaботнички

23  10  28:19  38 
5 НАП Нaпредок

23  10  24:26  34 
6 ХОР Хоризонт Турново

23  10  10  24:23  33 
7 ТЕТ Тетекс

22  20:18  30 
8 БРЕ Брегалница 2008

23  12  24:32  29 
9 СИЛ Силекс

23  24:29  28 
10 СКО Скoпje

23  11  21:28  24 
11 ВАР Вардар

23  13  19:33  21 
12 ПЕЛ Пелистер

23  17  16:47  12 
Мх.П.