Екипата на Металург по 12 натпревари не знае за пораз во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар од 12-та рунда „зелените“ одиграа 1-1 со Работнички во градското дерби и ја продолжија серијата на непободливост.

12-то коло во елитата ќе се комплетира со натпреварите кои се играат в недела Брегалница – Гостивар, Турново – Шкендија, Ренова – Напредок, Еуромилк – Пелистер, Македонија ЃП – Вардар.
Мх.П.










