
Наковски од пенал погоди за Скопје, запирајќи го Вардар на Автокоманда.
Работнички немаше проблеми со грогираниот Пелистер. На два пати Маневски и еднаш Иваноски погодија за “романтичарите“, оставјќи ги “чкембарите“ на дното.
Единственото реми го одиграа Тетекс и Силекс. Белчев во 77 минута ги доведе домашните во предност, додека во 84 минута Насевски ги постави конечните 1-1.
Првенствениот натпревар меѓу Брегалница и Металург кој попладнево требаше да се одигра на стдионот во Штип е одложен. По обилните дождови кои го зафатија овај дел од земјата, теренот на градскиот стадион во Штип бил поплавен и немало услови да се одигра натпреварот. Истиот е презакажан за утре во 13 часот.
Покрај мечот Брегалница – Металург утре се игра и тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова.
Резулати : Напредок – Х.Турново 0-1, Работнички – Пелистер 3-0, Тетекс – Силекс 1-1, Скопје – Вардар 1-0.
Табела: Ренова 31, Шкендија 29. Работнички 29, Турново 29, Металруг 26, Тетекс 24, Напредок 24, Скопје 22, Брегалница 22, Силекс 21, Скопје 21, Вардар 10, Пелистер 8.










