Напредок беше изненаден на домашен терен, Вардар претпре пораз во последната минута од мечот, додека Работнички го торпедираше Пелситер. Без победник заврши мечот Тетекс – Силекс, а Брегалница – Металург  е одложен.

Втора рунда по ред Сулев се покажува таличен за Турново. Неговиот удар во 89 минута заврши во мрежата на домашните, нанесувајќи им го вториот пораз во низа на “кичевските“ ѓаоли, кои во текот на мечот не реализраа неколку изгледни прилки.

Наковски од пенал погоди за Скопје, запирајќи го Вардар на Автокоманда.

Работнички немаше проблеми со грогираниот Пелистер. На два пати Маневски и еднаш Иваноски погодија за “романтичарите“, оставјќи ги “чкембарите“ на дното.

Единственото реми го одиграа Тетекс и Силекс. Белчев во 77 минута ги доведе домашните во предност, додека во 84 минута Насевски ги постави конечните 1-1.

Првенствениот натпревар меѓу Брегалница и Металург кој попладнево требаше да се одигра на стдионот во Штип е одложен. По обилните дождови кои го зафатија овај дел од земјата, теренот на градскиот стадион во Штип бил поплавен и немало услови да се одигра натпреварот. Истиот е презакажан за утре во 13 часот.

Покрај мечот Брегалница – Металург утре се игра и тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова.

Резулати : Напредок – Х.Турново 0-1, Работнички – Пелистер 3-0, Тетекс – Силекс 1-1, Скопје – Вардар 1-0.

Табела:  Ренова 31, Шкендија 29. Работнички 29, Турново 29, Металруг 26, Тетекс 24, Напредок 24, Скопје 22, Брегалница 22, Силекс 21, Скопје 21, Вардар 10, Пелистер 8.

Ohridnews