Мечот пред една седмица беше одложен поради временските (не)прилики кои го зафатија Кичево. Избраниците на охриѓанецот Драган Бочевски на домашен терен имаат импозантен скор од седум победи и едно реми.
Кичевчани на едно коло од крајот на есенската полусезоната со 30 бодови ја делат третата позиција со екипата на Металург.
По репрезентативните обврски во составот на Напредок ќе се вратат Ристе Марковски, Владимир Петрески, Филип Најдовски и Марко Симоновски.