Гостинските екипи освоија само еден бод во петте мечеви кои се одиграа во рамките од 14-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.


Честа на гостите ја одбрани прилепска Победа која ремизираше (1-1) во Скопје со составот на Шкупи.

Победи на домашен терен забележаа Вардар, Шкендија, Пелистер и Силекс совладувајќи ги Македонија ЃП (4-1), Брегалница (5-2), Работнички (2-1) односно Ренова (1-0).

Резултати: Пелистер – Ренова 1-0, Шкендија – Брегалница 5-2, Вардар – Македонија ЃП 4-1, Силекс – Работнички 2-1, Шкупи – Победа 1-1.

Табела: Вардар 34, Шкендија 27, Пелистер 25, Работнички 20, Ренова 19, Силекс 18, Шкупи 15, Победа 11, Македонија ЃП 10, Брегалница 8.

OhridNews