Вечното дерби во македонскиот фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар што беше предвидено да се игра в четврток е одложено.
Барање на актуелниот шампион Вардар натпреварот да доби нов термин поради голем број репрезентативци е прифатено од страна на ФФМ.
Другите четири натпревари од 25.коло во фудбалската елита се закажани за четврток (29 март) од 15 часот.
Двојки: Силекс – Победа, Работнички – Академија Пандев, Скопје – Шкендија, Ренова – Шкупи.
Табела: Шкендија 62, Вардар 46, Силекс 36, Академија Пандев 29, Шкупи 29, Работнички 28, Ренова 25, Победа 25, Пелистер 22, Скопје 20.
OhridNews