В недела во Битола ќе се одигра фудбалското дерби на Македонија каде ќе се сретнат лидерот во Првата лига, Пелистер и актуелниот македонскиот првак Вардар. Битолчани на големо се подготвуваат за овој дуел, а стратегот Драган Бочевски верува во позитивен резултат.

Ретко кога досега пред меѓусебните пресметки Пелистер бил пред Вардар на табелата. Но, правило во „дербито на Македонија“ нема дека тој што е подобро пласиран победува.
– Не постојат никакви правила во дерби пресметките. Тука треба да се заборави се што се случувало во текот на сезоната и да се одигра скоцентрирано, машки едноставно победува тој што повеќе ја посакува победата – додаде охриѓанецот.
За важноста на овој натпревар говори тоа што Фудбалската федерација на Македонија го делегираше најдобриот судија Александар Ставрев да ја дели правдата под „Тумбе Каде“.
Мх.П.










