Фудбалерите на Хоризонт Турново пред своите гледачи со минимални 1-0 го совлада тимот на Младост од Царев Двор во деветтата рунда од Првата македонска лига.
Човек на одлука беше охриѓанецот Валентин Кочоски кој во 54-та минута го постигна решавачкиот погодок за победа на домаќините.
„Зелено белите“ ги зафати мини криза во елитата откако врзаа два порази во низа додека Турново по подолго време се израдува на победа.
Резултати : Силекс – Вардар 0-2, Х. Турново – Младост 1-0, Шкупи – Шкендија 0-2, Работнички – Металург 2-0, Ренова – Брегалница 1-1.
Табела : Шкендија 24 бод, Вардар 23, Силекс 13, Младост ЦД 12 (-1), Шкупи 11, Работнички 10 (-1), Брегалница 10, Х. Турново 9, Ренова 6, Металург 5.
Мх.П.