Кически Напредок ја доби пресметката на повртатниците во Првата лига против Брегалница од Штип.  Стрелец на победничкиот погодок беше охриѓанецот Ристе Маркоски во 87 минута.

 

Победи на домашен терен уште постигнаа Турново против Силекс со 4-0, како и Ренова против Пелистер со 2-0.

Честа на гостите ја спаси Металург кој го победи Вардар со 2-1, благодарение на голот на Ѓуриќ во 85 минута.

Поради настапите во Лигата Европа, натпреварите Скопје – Работнички и Шкендија – Тетекс ќе се играат во понеделник.