Фудбалерите на Пелистер се одлепија на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига после убедливиот триумф во Кратово над Силекс со 4-1.

Творец на победата за „зелено белите“ беше Оливер Пеев, кој постигна три од четирите голови за екипата. Печат на триумфот стави Баже Илијоски, додека почесниот погодок за домаќините го постигна Тимов.

Во преостанатите два мечеви Силекс и Ренова ги поделија бодовите ремизирајќи 0-0, а Победа со 2-1 го совлада Шкупи. В недела ќе се одигра дуелот помеѓу Шкендија и Академија Пандев, а одложено е скопското дерби Вардар – Работнички.

Резултати: Скопје – Ренова 0-0, Победа – Шкупи 2-1, Силекс – Пелистер 1-4, Шкендија – Академија Пандев, Вардар – Работнички.

Табела: Пелистер 7, Шкендија 6 (-1), Силекс 6, Академија Пандев 4 (-1), Вардар 3 (-1), Победа 3, Ренова 2, Скопје 1, Шкупи 1.

Фото: Архива
OhridNews