Работнички и Ренова забележа убедливи победи со 5-0 и тоа на гостувањата кај Напредок односно Пелистер. Порази на Вардар и Турново на домашен терен, додека Шкендија се извлече на Автокоманда.


Работнички во стил ја прекина негативната низ во мечевите со Напредок. Тодоровски два пати, Велкоски, Петровиќ и Глигоров ја “искинаа“ мрежата на “ѓаолите“.

Ренова до врв ја наполна мрежата на фенерџијата Пелистер. Али беше двоен стрелец, по еднаш погодија Емини, Емрлаи и Џафери.

Водечката Шкендија се извади од пораз во последната минута од мечот против Скопје. Кировски два пати стрелаше за “пиратите“, додека “црвено-црниот“ брод го спасуваше Емини.

Металург се приближи кон врвот откако мининално со 1-0 го победи Вардар во “скопското“ дерби. Победникот беше одлучен во 38 минута со голот на Илијоски.


Тетекс брзо се рехабилитираше по поразот од Брегалница и на гости со 2-0 го совлада Х.Турново расипувајќи го дебито на новиот тренер Димоски на клупата.

Натпреварот Силекс – Брегалница беше прекинат при резулатат 1-0 за домаќините.

Резултати : Напредок – Работнички 0-5, Пелистер – Ренова 0-5, Скопје – Шкендија 2-2, Вардар – Металург 0-1, Турново – Тетекс 0-2, Силекс – Брегалница 1-0.

Табела:

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 ШКЕ Шкeндијa

26  16  49:17  55 
2 МЕТ Металург

26  15  36:18  50 
3 РЕН Ренова

26  14  38:23  47 
4 РАБ Рaботнички

26  12  37:22  44 
5 ХОР Х Турново

26  11  11  28:26  37 
6 НАП Нaпредок

26  10  10  25:32  36 
7 ТЕТ Тетекс

26  10  24:24  34 
8 БРЕ Брегалница

25  10  13  26:34  32 
9 СИЛ Силекс

25  10  26:31  31 
10 СКО Скoпje

26  12  26:32  28 
11 ВАР Вардар

26  16  20:38  21 
12 ПЕЛ Пелистер

26  19  19:57  15 

Наредно коло :  Тетекс – Силекс, Брегалница – Скопје, Шкендија – Вардар, Металург – Пелистер, Ренова – Напредок, Работнички – Х.Турново.

М.П.