Трката за опстанок во првата македонска фудбалска лига е безмилосна. “Рибарите“ во 29-та рунда на домашен терен го пречекуваат Хоризонт Турново. Бодовната разлика помеѓу деветто пласираниот Турново и десетто пласираниот Охрид е три бодови. Победата е едиствена опција за охриѓани.

Гостите во 28-то коло го совладаа Напредок со 2-1, и се одлепија на плус три од Охрид. “Рибарите“ ја прекинаа серијата порази со ремито без голови против Тетекс. Право за настап во охридскиот состав нема Мартиноски. Дефанзивецот заработи црвен картон на мечот со “штофарите“.

Во два натпревари сезонава Охрид против Хоризонт Турново забележа една победа (2-1) и едно реми без голови.

Двојки :

Недела 06.05  16:30ч
Брегалница – Тетекс
Охрид  – Х. Турнов
Напредок  – 11 Октомври
Вардар – Работнички
Металург – Силекс
Шкендија – Ренова

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 28 20 8 0 43:9 68
2 same (2) Металург 28 16 10 2 48:12 58
3 same (3) Шкeндијa 28 17 6 5 45:22 57
4 same (4) Ренова 28 10 12 6 42:32 42
5 same (5) Брегалница 2008 28 11 6 11 41:38 39
6 same (6) Силекс 28 12 3 13 35:41 39
7 same (7) Рaбoтнички 28 9 6 13 38:37 33
8 same (8) Нaпрeдoк 28 9 6 13 28:42 33
9 same (9) Хоризонт Турново 28 7 7 14 23:33 28
10 same (10) Охрид 2004 28 6 7 15 21:44 25
11 same (11) Тетекс 28 5 10 13 16:44 25
12 same (12) 11 Октомври 28 2 7 19 21:47 13
Мх.П.