Работнички е новиот фудбалски првак во Првата македонска лига. До четвртата титула „романтичарите“ стигнаа на еден натпревар од крајот на националниот шампионат.

По освојување на трофејот во Купот на Македонија екипата на Работнички ја додаде титулата од Првата лига за потполна доминација во македонскиот фудбал.
Покрај разврската за титулата веќе е јасно дека од елитата се збогуваат Еуромилк, Македонија ЃП, Напредок и Гостивар.
Резултати : Работнички – Еуромилк 2-0, Вардар – Турново 2-1, Металург – Шкендија 1-2, Ренова – Македонија ЃП 4-2, Пелистер – Брегалница 1-1, Гостивар – Напредок 1-3.
Табела: Работнички 62, Турново 57, Металург 56, Вардар 55, Шкендија 54, Пелистер 52, Брегалница 43, Ренова 43, Еуромилк ГЛ 38, Македонија ЃП 32, Напредок 17, Гостивар 14.
Мх.П.










