По сите случувања во првата македонска фудбалска лига Ренова денеска ја потврди по “втор“ пат титулата.

Ренова со победата над Пелистер од 3-1 ја осигураа првата титула во историјата на првата македонска фудбалска лига. Капитенот на “гипсарите“ Емини на два пати и еднаш Османи ја затресија противничката мрежа додека почесниот погодок за Пелистер беше дело на Велјановски.


Металург триумфираше на гостувањето кај Работнички и ја продлжи одличната серија во пролетниот дел од првенството. Двоен стрелец за “зелените“ во 6-та и 19-та беше зимското засилувањер Музафер Ејупи додека поразот го ублажи Марсио во 60-та минута. Тетекс и Турново на домашен  терен прокнижија нови три бода совладувајќи ги Силекс односно Милано.

Резултати: Ренова – Пелистер 3-1, Работнички – Металург 1-2, Тетекс – Силекс 2-0, Турново – Милано 2-1, Вардар слободен.

Табела:

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 (1) РЕН Ренова

24  17  4  3  45:19  55 
2 (2) РАБ Рaботнички

25  14  5  6  37:20  47 
3 (3) МЕТ Металург

24  11  10  3  34:16  43 
4 (4) ПЕЛ Пелистер

24  10  5  9  27:27  35 
5 (5) СИЛ Силекс

24  8  7  9  28:30  31 
6 (6) ТЕТ Тетекс

24  8  4  12  31:30  28 
7 (8) ХОР Хоризонт Турново

24  8  4  12  26:33  25 
8 (7) ВАР Вардар

24  7  6  11  24:28  24 
9 (9) МИЛ Милaнo

25  1  3  21  14:76  6 
10 (10) МЃП Македонија ЃП

10  5  4  1  23:5  0 
11 (11) ПОБ Пoбеда

0  0  0  0  0:0  0 
12 (12) СЛО Слога Ј.

10  3  2  5  9:14  0 

ohridnews