Лидерот Ренова со пресврт го победи Силекс со 3-1 и ја задржа предноста пред Работнички на плус пет.

Темелков уште во првата минута ги доведе кратовци во водстово, а на неговиот погодок одговорија Нухии, Емини и Тодоровски. Работата за лидерот беше олеснета кога Силекс остана со 10 играчи на тернот по исклучивањето на Бошковски.

Милано со голот во 90- та минута ја совлада Победа со 3-2. Гостите имаа предност преку Рутевски, пресвртот го направија Богословоски и Брандо, а за неизвесен финиш се погрижи Стојановски во 84 минута. Првите три бода освоени на зелениот терен ги донесе Бајлозов.

Единствената победа за гостите ја постигна Тетекс кој благодарение на двата гола на Стојаноски го победи Хоризонт Турново, со 2-0.

Ohridnews