Работнички убедливо со 3-0 го совлада Вардар во скопската дерби пресметка од 15. коло во Првата МФЛ. „Романтичарите“ до победата стигнаа со головите на Сахити, Дурански и Иваноски. Пелистер ја одбрана честа на домаќините победувајќи го Шкупи со 2-0, триумф кој ги зацврсти битолчани во врвот на табелата.

Второпласираната Шкендија немаше проблеми против Македонија ЃП победувајќи со 4-0 како гостин, додека возбудливо беше во Штип каде Победа во дербито на дното ја совлада Брегалница со 3-2. Единствениот меч без победник го одиграа Ренова и Силекс 2-2.

Табела. Вардар 34, Шкендија 30, Пелистер 28, Работнички 23 , Ренова 20, Силекс 19, Шкупи 15, Победа 14, Македонија ЃП 10, Брегалница 8.

Наредно коло : Победа – Македонија ЃП, Шкендија – Работнички, Шкупи – Брегалница, Силекс – Пелистер, Вардар – Ренова.

фото: „Екипа.мк“
OhridNews