Прва МФЛ : Шкендија есенски првак, голеада во Битола
11.12.10 15:55
Со мечевите од 18. рунда заврши есенската етапа во Првата македонска фудбалска лига. Зимата на врвот ќе ja дочека екипата на тетовска Шкендија кој собра 35 бода.
Шкендија на последниот натпревар кај Турново славеше минимално со 1-0, благодарение на голот на новопечениот репрезентативец Хасани.
На второто место се зацврстија “гипсарите“ кои во тетовската пресметка беа подобри од куп освојувачот Тетекс со 2-1. Емрулаи и Али погодија за Ренова, додека почесниот гол беше дело на Захариевски. Со истиот резултат Вардар го победи Напредок. Настевски и Трипуновски стрелаа прецизно за “црвено-црните“, а поразот го ублажи Најдовски.
Дури девет гола беа постигнати во Битола на мечот меѓу Пелистер и Скопје. “Чкембарите“ се радуваа на победа откако со 5-4 ги совладаа “пиратите“, четирите гола на репрезентативецот Кировски не беа доволни скопјани да го избегнат поразот. Магловски, Талевски, на два пати Вељановски и Настески погодија за Пелистер.
Металург претпре минимален пораз од Работнчки, додека Силекс со 3-1 ја совлада Брегалница.
Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на спортски спектакл, турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“ Настанот е организиран од ...
Во возбудлива вечер полна со енергија и натпреварувачки дух, завршија првите два четвртфинални натпревари од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“, кои понудија одличен футсал, динамични дуели и не...
Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2025″ Боите на МТТФ под водство на претседателот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.