Шкендија го победи Металруг со 3-0 и ја продолжи победничката низа на домашен терен, која сега изнесува седум победи во низа. Бериша, Сали погодија за “црвено-црните“ додека Петковски со автогол ги постави конечните 3-0, за втор последователен пораз на аспирантот за титулата Металруг.

Вардар на Филип Втори ремизираше 1-1 со Турново. Сулев за гостите, Трипуновски беше стрелец за домаќините.

По 15 кола на врвот на табелата се Шкендија и Ренова со 28 бода, напредок е трети со 24.

Ohridnews