Екипата на Шкендија прокнижи нови три бодови на табелата совладувајќи ја Ренова во градската пресметка со 2-0 во седмата рунда од Првата лига.
„Црвено црните“ дилемите околу победникот на дербито во Тетово ги решија во првиот дел со головите на Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани.
Потоа рутинирано ја зачуваа предноста и ја забележаа седмата победа во осмиот натпревар во новата сезона.
На триумф во осмата рунда се израдува и Победа која пред своите гледачи со 4-2 славеше против Скопје.
Резултати: Шкендија – Ренова 2-0, Победа – Скопје 4-2, Шкупи – Пелистер 1-1, Работнички – Силекс 0-0, Академија Пандев – Вардар.
Табела: Шкендија 22, Академија Пандев 14 (-1), Вардар 13 (-2), Шкупи 12, Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички 6, Ренова 6, Скопје 3.
OhridNews