Пресметката помеѓу најзасилениот состав во зимскиот преоден рок Шкупи и лидерот на табелата Шкендија ќе биде во фокусот од 20-та рунда во Првата македонска фудбалска.
Фудбалерите на Шкупи големите амбиции за втората полусезона ги „нахранија“ со убедлив триумф 5-2 над Академија Пандев во првата руна од продолжението на првенството. Шкендија, пак, ремизираше со Вардар во дербито во Тетово и ја задржа предост од осум бодови на табелата.
20-та рунда во македонската фудбалска елита ќе ја најават екипите на Ренова и Силекс кои силите ќе ги одмерат во сабота.
Двојки 20.коло: Ренова – Силекс (сабота 14ч), Академија Пандев – Скопје, Пелистер – Работнички, Вардар – Победа, Шкупи – Шкендија.
Табела: Шкендија 47, Вардар 38, Силекс 31 (-1), Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20, Ренова 19, Пелистер 17, Скопје 10.
OhridNews