Охриѓанецот Марјан Ецкоски ќе биде главен арбитар на скопското дерби Металург – Вардар во 28-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Покрај Ецкоски и Марјан Маркоски има ангажман во Првата лига и ќе го води мечот Ренова – Работнички. Асистенти на Маркоски се Жарко Тодоровски и Ацо Мацески.
Сите натпревари од Првата лига се играат в сабота поради големиот христијански празник „Велигден“.
Фото : Спортмедиа
Мх.П.










