Екипите од Првата фудбалска лига на Македонија викендов ќе го заокружат вториот круг натпревари од сезоната. Дерби на 22-то коло ќе биде соседската пресметка на „Филип втори“, Вардар против Работнички. Во Битола ќе се сретнат фенерџијата и лидерот, Пелистер со Шкендија.


Металург му гостува на Хоризонт во Турново, Ренова игра против Силекс, Напредок – Тетекс, Скопје – Брегалница. Натпреварите се играат утре во 14 часот.

Табела: 1 Шкендија 42 бода, Металург 38,Работнички 37,Ренова 35,Хоризонт Турново 32,Тетекс 30, Силекс 28, Hапредок 28, Брегалница 26, Скопје 23, Вардар 17, Пелистер 12

Ohridnews