Работнички го победи Вардар со 1-0 во соседското дерби со кое беше отворено коло од Првата МФЛ. “Романтичарите“ до победата стигнаа со голот на Божиноски од пенал во финишот на првиот дел.Утре на програмата се останатите натпервари а се среќаваат:
Ренова – Силекс, Хоризонт Т. – Тетекс и Милано – Победа. Слободни се екипите на Пелистер и Металург.










