Битолските „зелено бели“ освоија значајни три бодови на гостувањето во Скопје победувајќи го Работнички (1-0) во дербито од 13-та рунда од Првата лига.


Пелистер со триумфот кој го обезбеди со голот на Фереира Кардозо во 87-та минута се проби меѓу водечкото трио на табелата.


Разликата меѓу лидерот Вардар и Шкендија остана иста седум бодови, откако и двете екипи забележаа победи.

Вардар со 1-0 ја совлада Брегалница додека Шкендија со 2-1 славеше над Победа во мечот кој се одигра во Битола.

Резултати: Брегалница – Вардар 0-1, Македонија ЃП – Силекс 1-1, Победа – Шкендија 1-2, Работнички – Пелистер 0-1, Ренова – Шкупи 1-0.

Табела: Вардар 31, Шкендија 24, Пелистер 22, Работнички 20, Ренова 19, Силекс 15, Шкупи 14, Победа 10, Македонија ЃП 10, Брегалница 9.

Фото: Гол.мк
OhridNews