В недела со почеток во 13 часот ќе се одиграат мечевите од 18-та рунда која воедно е последна во есенската полусезона од Првата македонска фудбалска лига.
Во фокусот на македонска јавност ќе биде супер дербито во Скопје помеѓу Вардар и Шкеднија. ФФМ довербата да ја дели правдата во дербито на полусезона му ја додели на Александар Ставрев.
Во Струга, екипата на Струга Трим Лум ќе го пречека составот на Борец. Предводникот на стружани, Јетон Бекири натпреварот со Борец го најави како меч на сезоната.
Не би рекол дека сме големи фаворити. Тимот на Борец е незгоден ривал кој успеа да не совлада во првиот круг од првенството. Ќе звучи малку чудно, но натпреварот со Борец за нас е меч на сезоната. Одигравме добри натпревари со Вардар, со Шкендија и останатите ривали на домашен терен но сега мора да одиграме најдобро што можеме и да ги освоиме бодовите. – изјави Бекири.
Натпреварот во Струга ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје.
Двојки:
Вардар – Шкендија
Силекс – Академија Пандев
Шкупи – Македонија Ѓорче Петров
Струга Трим Лум – Борец
Ренова – Работнички
Табела: Вардар 35, Шкендија 27, Академија Пандев 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Струга Трим Лум 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15
OhridNews