Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар ја зголеми предноста во однос на Шкендија седум бодови, откако со 3-1 на Телеком арената ја совлада во супер дербито од 20-та рунда.


Скопските „црвено црни“ трите бодови во дербито со Шкендија ги освоија благодарание на Хуан Фелипе кој постигна два од трите погодоци. Првиот погодок за водство (2-1) го реализраше од пенал, додека вториот кој стави печат на победата беше ремек дело од слободен удар. Претходно, Тигран Барсегнијан го отвори резултатот, Ибраими го изедначи, а потоа на сцена стапи левоногиот фудбалер на Вардар кој го реши дербито.


Екипата на Силекс пред своите гледачи со 2-0 славеше над Победа и се зацврсти на средината од табелата. Охриѓанецот во дресот на кратовчани, Антонио Каланоски беше човек на одлука постигнувајќи го погодок кој го „отвори“ составот на Победа. Домаќините дури во финишот постигнаа втор погодок преку Игор Недељковиќ и ја осигураа победата.

Резултати: Ренова – Македонија ЃП 2-2, Шкупи – Работнички 1-1, Вардар – Шкендија 3-1, Силекс – Победа 2-0.

Табела: Вардар 47, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 32, Ренова 27, Силекс 27, Шкупи 17, Победа 16, Македонија ЃП 16, Брегалница 11.

Фото: Екипа.мк
OhridNews