Натпреварите од 20 коло се играат денеска во Првата македонска фудбалска лига .  Дербито на колото се игра во Тетово каде на актуелниот првак Ренова ќе му гостува Работнички, натпреварот ќе го води охриѓанецот Марјан Ецкоски.


Вардар ќе го угости Тетекс на “Филип II“ арената , а фудбалската правда ќе ја дели охриѓанецот Стевчо Шулески. Бочески и неговиот Напредок трката за опстанок ја продолжуват кај фенерџијата на табелата Пелистер во Битола.

Лидерот на табелата Шкендија гостува во Скопје кај исто имената екипа, додека Металург без повредениот Настоски гостува кај некогашниот македонски првак Силекс.

Двојки: Пелистер-Напредок, Силекс-Металург, Скопје-Шкендија, Вардар-Тетекс, Ренова-Работнички, Хоризонт Турново-Брегалница

 Табела: Шкендија 38 бода, Ренова 34, Работнички 33, Металург 32 бода . .